ЌЕ МОРА ДА СЕ ПРАВИ НОВ РАСПОРЕД

Нов проблем за МКФ: Се откажаа две екипи, стартот на Втората лига одложен!

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) се соочува со нов проблем, затоа што одложен е стартот на Втората кошаркарска лига поради откажување на две екипи.

објавено: 17 октомври 2015 - 15:53

Своето учество во Втората лига го откажаа екипите на Гоце Делчев од Штип и Борец Баскет од Велес. Поради нивното откажување МКФ ќе мора да прави нов распоред и дополнително да ги менува датумите на одигрување на мечевите.

Во новата сезона во Втората лига ќе настапуваат КК Вардар (Скопје), Академија ФМП (Скопје), Ангели (Скопје), Шкупи (Скопје), Водњански лисици (Скопје), Гостивар 2015 (Гостивар), Тетекс ТТК (Тетово), Пелистер (Битола), Радовиш (Радовиш) и АВ Охрид (Охрид).

Најново во Кошарка