СТРАНЕЦ ЌЕ ГИ ПРЕДВОДИ КАРПОШОВЦИ

Нов шмек за тимот од „Борис Трајковски“: Србинот Матиќ седнува на клупата на „соколите“ од Карпош!

Поранешниот предводник на српските прволигаши Војводина и Металац, Синиша Матиќ, е нов тренер на кошаркарскиот прволигаш Карпош Соколи, дознава „Спортмедиа" од извори од клубот.

објавено: 14 јули 2015 - 16:20

Станува збор за искусен стратег, кој пред две години со Војводина се најде меѓу српските екипи кои обезбедија пласман во АБА-лигата. Но, управата на тимот од Нови Сад не најде заеднички јазик со челниците на регионалното натпреварување и не доби виза за играње во јадранската конкуренција, што беше причина за заминување на Матиќ од оваа средина. Тој потоа седна на клупата на прволигашот од Ваљево со кого исто така имаше успешни резултати.

Србинот во таборот на „соколите“ доаѓа на местото на Саше Тодоровски, кој беше именуван за прв тренер во текот на минатата сезона, по заминувањето на Александар Петровиќ. Тој засега на располагање има само двајца играчи, сонародникот Душан Кнежевиќ и Игор Пенов, додека управата на К. Соколи е во преговори со низа квалитетни домашни играчи, меѓу кои е и поранешниот репрезентативец Ѓорѓи Чековски.

Најново во Кошарка