ШАМПИОНОТ ПРОДОЛЖУВА СО КОНТРОЛИТЕ

Нов „тест“ за МЗТ Скопје: Без Мекиќ против Арис

Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска ќе продолжат со одигрување пријателски средби пред почетокот на новата сезона и тоа во Солун против грчки Арис со почеток од 17 часот по македонско време.

објавено: 18 септември 2017 - 11:32

Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска ќе продолжат со одигрување пријателски средби пред почетокот на новата сезона и тоа во Солун против грчки Арис со почеток од 17 часот по македонско време.

Ова ќе биде шести натпревар досега летово за тимот на Александар Тодоров, по трите во Истанбул и двата во Софија. Досегашниот скор на „металците" е две победи (Бакиркој спорт и Левски), два порази (Бујукчемече и Цибона) и еден затворен меч против Лукоил Академик на кој не беше воден резултат.

МЗТ Скопје Аеродром во Солун патува без македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ, кој има поситна повреда и од превентивни причини остана во Скопје.

Најново во Кошарка