ЗА НАСТАП НА ИГРАЧ ПОД 16 ГОДИНИ, ЗАКОНИТЕ НА МКФ СЕ ЈАСНИ

НОВА МОДА ИЛИ НЕШТО ДРУГО: Дали играњето на пионери со сениори е исправно и „здраво“?

Настапот на 14-годишниот Резарт Мемеди на прволигашки меч предизвика голем интерес кај македонската кошаркарска јавност.

објавено: 7 ноември 2017 - 19:00

Но барем засега, нема одговор дали неговото играње е во согласност со пропозициите за натпреварување на Македонската кошаркарска федерација.

Дебито на Мемед (на 1 мај наполни 14 години) траеше 69 секунди, на мечот на Шкупи со Работнички.

Според членот 13.1 од пропозициите за сениорските лиги за сезоната 2017-2018, може да настапуваат само играчи кои имаат натпреварувачки картон - лиценца, издадена и заверена од Регистрациската комисија на МКФ, како и листа на одобрени играчи од оваа комисија, под услов играчот да не е под суспензија или изречена казна.

Ако играчот на денот на настапот е помлад од 16 или постар од 45 години, за неговата способност за настап, потребна е посебна здравствена дозвола.

Бидејќи Мемеди нема наполнето 16 години, делегатот на мечот Шкупи-Работнички, Среќко Хорват, требало да ја побара таа посебна здравствена дозвола.
Работнички немаше проблем да го совлада Шкупи на првиот прволигашки меч одигран во салата „Шабан Трстена" во скопски Чаир, и помина во најдобар ред.
Рекордот за најмлад играч кој настапил во Првата лига го држи Никола Гајдаџиев, кој на 9 години заигра за Николферт, на меч против Центар, а имало ситуации кога во Првата лига се појавиле и играчи на возраст од над 40 години.

Затоа во МКФ некој се сети дека треба да се регулира тоа со пропозициите, треба да се воведе посебна здравствена дозвола за вакви случаи за да нема ризик и несакани последици, кои може да бидат предизвикани од дуел на дете со некој физички многу посилен противник.

Прашањето кое се наметнува е дали сето ова станува некоја мода, или пак е во прашање еден вистински талент кој гхо поседуваат овие играчи на пионерска возраст?

Јасно е дека и овие 69 секунди се и премалку, но и премногу за еден така млад, во вој случај, кошаркар. А и не е прв пример во македонската кошарка.

Но, како и да е, мора да постои некој ред, и оваа несекојдневна ситуација која ја има, само и веројатно кај нас, да биде уредно регулирана. 

Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка