РАБОТНИЧКИ И МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ ВЕЧЕРВА ВО ГОСТИВАР

Нови „глумци" и малку поразличнa „сцена“ во вечното дерби

Секое дерби сезонава е поразлично од претходното, па така сега кај „металците" нови имиња се Андрија Бојиќ и Стефан Синовец, а ќе игра и Бојан Трајковски, кој го пропушти претходниот дуел со клубот чиј дрес го има носено во минатото.

објавено: 16 април 2018 - 17:00

Секое дерби сезонава е поразлично од претходното, па така сега кај „металците" нови имиња се Андрија Бојиќ и Стефан Синовец, а ќе игра и Бојан Трајковски, кој го пропушти претходниот дуел со клубот чиј дрес го има носено во минатото.

Од друга страна, Димитар Караџовски и Шон Еванс се нови адути на Работнички во однос на тимот кој го совлада МЗТ пред неполн месец.
Прашањето кое најмногу го мачи тренерот Марин Докузовски е дали и колку ќе може да смета на крилото Маркус Гинјард. Американецот е важен играч во тимот, па се шпекулира дека Работнички можеби побарал да се игра в недела, а не в сабота, за да му се даде еден ден плус на Гинјард за да закрепне. И МЗТ го мачи проблем, е тоа е дали ќе игра Дамјан Стојановски.
Кочов како млад кошаркар, во кариерата две сезони играше за Работнички кога на клупата беше Докузовски, па ова ќе биде тактичко надмудрување на професорот и ученикот. Искуството е на страна на Докузовски, младоста и полетноста кај Кочов, кој ги знае начинот на работа и замислите на својот докажан и трофеен колега.
Пораз за Работнички нема да биде трагедија, центарци секако остануваат први, но непријатно е чувството да се загуби двапати по ред (во минатото коло киксираа во Куманово), а и секогаш најболни се поразите од најлутиот ривал. МЗТ со победа ќе направи голем чекор кон второто место, бидејќи ќе има поповолен распоред во однос на Блокотехна.

Најново во Кошарка