КУМАНОВЦИ НЕ СЕ ШЕГУВААТ

Ново засилување за сино-белите: Американецот Инграм повторно ќе игра за Куманово!

Американецот Ентони Ли Инграм (27 год., 195 см.) е најновото засилување за кошаркарскиот прволигаш Куманово, објавија денеска официјално од таборот на овој клуб.

објавено: 24 јули 2015 - 14:48

Станува збор за играч кој игра на позицијата ниско крило и кој доаѓа во добро позната средина, со оглед на тоа што пред две ипол години настапуваше во сино-белиот дрес на кумановци. Тој во минатото настапувал за кипарска Омонија, романски Темишвар, норвешки Аскер и Пери лејкс од Австралија.

Управата на Куманово претходно официјално ги обнови договорите со Александар Костовски и Вукашин Мандиќ, а се очекува наскоро да го направи истото и со Урош Луковиќ, Димитар Караџовски и со капитенот Марјан Јаневски. Сино-белите во новата сезона влегуваат со големи амбиции, како во домашниот шампионат така и во новоформираниот ФИБА Еврокуп, каде што ќе бидат единствениот македонски претставник и тоа најверојатно директно во фазата по групи.

Најново во Кошарка