ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ИНГРАМ

Новогодишно пакетче: Симоновски и официјално е нов член на Куманово!

Навивачите на кошаркарскиот прволигаш Куманово добиваат новогодишно пакетче во вид на ангажман на репрезентативецот Марко Симоновски, кој од денеска и официјално е нов член на клубот од северот на Македонија.

објавено: 24 декември 2015 - 15:24

Доаѓањето на најкорисниот играч на минатиот плејоф во таборот на кумановци веќе беше најавено, но се очекуваше само финиширање на преговорите, што и се случи во текот на денешниот ден. Симоновски доаѓа на местото на Американецот Ентони Ли Инграм, кој минатата недела си замина од Куманово, и од него се очекува да донесе стабилност во шутерската линија на македонскиот претставник воФИБА-Еврокупот.

Членот на националниот тим сезоната ја почна како член на МЗТ Скопје, од каде што си замина пред извесно време со договорен раскин на договорот, откако подолго време беше надвор од тренажниот процес поради повреда. Тој периодот го мина во рехабилитација и се очекува да биде максимално подготвен на почетокот од следната година. За популарниот Марче тоа ќе биде четврти македонски тим по Работнички, Фени индустри и МЗТ, а извесен период настапуваше и во дресот на австриска Аркадија.

Најново во Кошарка