РАБОТНИЧКИ ЌЕ МОРА ДА БАРА НОВ ТРЕНЕР

Официјално: Емил Рајковиќ потпиша едногодишен договор со полски Сласк!

објавено: 17 јули 2014 - 00:35

Поранешниот селектор на македонската младинска репрезентација и актуелен асистент во стручниот штаб на сениорскиот национален тим, Емил Рајковиќ и официјално стана нов тренер на еден од најславните полски кошаркарски екипи, Сласк од Врослав, со што дефинитивно стави крај на едно ипол годишниот престо во таборот на Работнички.

Вчерашната ексклузивна најава на „Спортмедиа“ денеска беше официјализирана во вид на едногодишен договор, чие потпишување е потврдено и од полските медиуми. Сласк е 17-кратен шампион на Полска и четирикратен учесник во Евролигата, но во последно време не бележи добри резултати. Минатата сезона не се пласираа во плејофот откако завршија на деветата позиција. Пред Рајковиќ е императив за враќање на тимот од Врослав во доигрувањето, а евентуалниот пласман меѓу четирите најдорби екипи ќе биде сметан за огромен успех.

[caption id="attachment_43794" align="alignnone" width="583"]Полскиот кошаркарски новинар преку Твитер ја потврдува веста за Рајковиќ Полскиот кошаркарски новинар преку Твитер ја потврдува веста за Рајковиќ[/caption]

Трикратниот македонски шампион и освојувач на куп-трофејот во два наврати, сите со кавадаречки Фени индустри, има уште една година од договорот со Работнички, нов тој веќе најде заеднички јазик за договрен раскин на соработката. Челниците на „центарци“ вчера изјавија дека имаат џентлемнски договор со Рајковиќ да не му прават проблеми ако најде примамлива понуда од странство.

Според информациите на „Спортмедиа“, македонскиот тренер првата средба со новата средина ќе ја има на почетокот од следниот месец, но таа нема да трае долго со оглед на неговите обврски во квалификациите за ЕП 2015 со нашата репрезентација. Но, веднаш по завршувањето на квалификацискиот цилус, поранешниот стратег на Тоа сум јас, Фени И, а сега веќе и на Работнички ќе замине во Вроцлав каде што ќе отвори ново поглавје во својата кариера во вид на првата тренерска работа надвор од својата држава.

И.К.

Најново во Кошарка