Најавите добија своја официјализација

ОФИЦИЈАЛНО: Илиевски една година во Работнички

Искусниот македонски интернационалец потпиша едногодишен отворен договор со екипата од Градски парк

објавено: 7 септември 2016 - 14:09

Владо Илиевски една сезона ќе го носи дресот на Работнички. Искусниот плејмејкер, за кого најавивме дека ќе потпише со нашиот најтрофеен клуб конечно ги договори финесите а важно е да се напомене дека станува збор за отворен договор, односно доколку во тој период Илиевски пронајде ангажман во странство, тој ќе може да си замине.

„Ги договоривме условите со Владо Илиевски и потпишан е договор на една година. Но, доколку тој најде ангажман надвор од Македонија, тогаш ќе биде ослободен од обвррските кон КК Работнички" ни изјави извршниот директор на КК Работнички, Оливер Тоневски.

За потсетување Илиевски е кошаркарот кој ја постигна легендарната тројка на Европското првенство во Литванија и еден од предводниците на нашата најдобра генерација во 2011 година стигна до четвртото место. И покрај бројката на годините (36), несомнено е дека ќе претставува огромно засилување за Работнички.

Најново во Кошарка