АВ ОХРИД САКА ЈАВНОСТА ДА ЗНАЕ ПОВЕЌЕ ЗА МЕЧОТ ВО КАВАДАРЦИ

ОХРИЃАНИ ВЕЛАТ: Михајловиќ е виновникот, а не Чочороски!

Раководството на АВ Охрид не се мири со загубата на бодовите од саботното гостување во Кавадарци односно дуелот со Фени Индустри.

објавено: 22 октомври 2017 - 18:15

Раководството на АВ Охрид не се мири со загубата на бодовите од саботното гостување во Кавадарци односно дуелот со Фени Индустри.
Охриѓани упатуваат „отровни стрели" кон една личност.
Според нив,судијата Владимир Михајловиќ е главниот виновник за тоа. И затоа од надлежните претставници на федерацијата, комесарот за натпреварување, пред се, бараат прегледување на комплетниот видео материјал од овој драматичен натпревар во кој на крајот беше исклучен и нивниот шеф на стручниот штаб, Перо Чочороски, што од нивна страна беше нотирано и со официјална жалба за натпреварот во „Јасмин“.
Сакаме најнапред да им ја честитаме победата на КК Фени на вчерашниот натпревар.
Наш официјален став е дека на вчерашниот натпревар имаше грубо кршење на принципите на делителот на правдата судијата Владимир Михајловиќ кој тенденциозно, според наше видување, судеше во корист на домашната екипа, а на штета на КК АВ Охрид.

 



Ако се погледне добро натпреварот за кој сигурно надлежните ќе добијат ЦД од натпреварот ќе се забележат низа тенденциозни одлуки со кои судијата Михајловиќ одработуваше на штета на нашиот клуб.
За ваквиот развој на настаните направен е и извештај по завршувањето на натпреварот и проследен преку делегатот Ѓорѓи Пиперков во кој е објаснет целиот тек на натпреварот гледано од наш аспект.
Одличниот натпревар судијата Михајовиќ го претвори во негово лично шоу каде тој лично сакаше да биде во центар на внимание, а не како налагаат правилата, да биде коректен делител на правдата . Сето ова допринесе до бурна, вербална реакција на тренерот Чочороски. Н ајнапред за недоделување, а потоа и при доделување на тајм аутот и заблагодарувањето за дозволен тајм аут што од страна на Михајловиќ резултираше со техничка грешка за тренерот, според него (циничното) заблагодарување.
По вербалната комуникација судијата Михајловиќ се повлече кон центарот,а Чочороски тргна кон него со барање на објаснување, момент по кој доби и исклучување.
Цениме дека ваквата одлука е во најмала рака некоректна, и на клубот му е нанесена огромна штета. Прво што со помош на судијата Михајловиќ АВ Охрид го изгуби натпреварот, а потоа и сите реперкусии што ги трпи клубот од ваквата тенденциозна одлука на судиите кои се секогаш на штета на нашиот клуб.
Што е и повеќе од симптоматично судијата во неколку наврати кога судел натпревари и од минатогодишното првенство имаше низа вакви тенденциозни одлуки на штета на нашиот клуб.
Како спортски директор го осудувам и влегувањето на тренерот Чочороски на терен. Но можам со сигурност да потврдам дека влегувањето беше со единствена цел да добие одговор за досудената техничка грешка, а не никаква физичка пресметка со судијата.
За таа цел бараме од надлежната комисија да го прегледаат натпреварот и да донесат одлука во корист на кошарката,а не во корист на лични интереси и хирови на одредени судии"- се вели во писменото известување потпишано од страна на спортскиот директор на АВ Охрид, Марјан Бошалески.

Најново во Кошарка