НЕМА СТОП ЗА ТИМОТ ОД „ГРАДСКИ ПАРК“

ОВА Е НОВА ДОБА - Работнички е во мода!

Лидерот во првенството го совлада актуелниот бранител на титулата, и тоа на негов терен во СЦ „Јане Сандански“ (76:71). за продолжение на победоносната серија на осум триумфи...

објавено: 6 декември 2017 - 19:35

МЗТ Скопје е далеку од шампионската форма, а Работнички многу поблиску за тој епитет да му го одземе, оној наслов на најдобар кој „сино-белите“ од Аеродром упорно во чуваат веќе шест години. 

Во првото големо дерби, првата вечна пресметка меѓу двата македонски кошаркарски великани, во оваа сезона од Првата лига, Работнички беше подобар противник од МЗТ Скопје. 

МЗТ СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 71:76 (17-15; 21-20; 20-19; 13-22)

Пред се затоа што гостите од „Градски парк“, имаа повеже серии, односно подобро се снајдоа во постигнување на поени кога за тоа всушност беше многу попотребно.

Така беше и во финалните минути во кои го задржаа големито ривал на само 13 поени во последната четвртина, која с епокажа и како решавача во дербито исполнето со голме број на промени на водството.  
Симоновски и Стојановски го диктираа темпото на домашната екипа. Заедно реализираа 25. од оние 38. поени кои ги имаше шампионот во првото полувреме од големото дерби.


На другата страна Џинјард стрелаше најпрецизно, и му донесе десет поени на Работнички во 20. минути игра.
Период во кој домаќинот се стекна со мала предност (38:35), по тројката која ја погоди Симоновски, буквално пред звукот на сирената која ги испрати актерите во соблекувалните.
Дел од играта во кој во еден наврат, МЗТ имаше плус 5 (13:8), а во еден друг, во втората четвртина, во слична предност беше Работнички (28:24).
Гостите беа во водство буквално до последната минута од првото полувреме кога Мавра и Стојановски иницираа серија од (5-0), која на стартот на третата се искачи и на (9-0).
Најголемата разлика која ја реализира една од екипите, (МЗТ Скопје) беше на стартот на третиот период, (42:35).

Но брзо ја снема, затоа што дојде поентерскиот ред на „црвено-белите". По тројката на Костов, во 26. минута, по серијата (15-4) повторно беа во плус од четири поени (50:46), за на истекот на третиот дел од дербито биде (58:54) за домаќинот.
Серијата од (11-3), го врати најтрофејниот тим во Македонија во ново водство од (65:61) по четири и пол минути игра во четвртата четвртина. Но „металците" најдоа нови сили да изедначат (67:67), кога нова тројка погоди Трајковски.

И тоа беше кратко, затоа што Мираковски, Крстевски и Робинсон креираа нова предност за Рабтонички (72:67), а за игра останаа само 2:07 минути.

Премалку првакот да се врати уште еднаш.

Доволно за осмата победа во низа на „предизвикувачот“, и потвда на позицијата лидер во овој шампионат. 

 

Најново во Кошарка