ЧЕКОВСКИ ДОБИВА ПОДДРШКА

Пак се спојуваат „Кулите близначки“: Гечевски се враќа во тимот на Работнички!

Најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас, екипата на Работнички, добива неочекувано засилување во пресрет на вториот дел од сезоната, откако од управата на клубот потврдија дека на пријавната листа на продолжението е ставен и координаторот за младинските категории и поранешен репрезентативец, Тодор Гечевски.

објавено: 29 јануари 2016 - 13:01

Тоа значи дека центарци повторно на располагање ќе ги имаат „Кулите близначки“, со оглед на тоа што од неодамна во тимот е и партнерот на Тоше во играта под кошевите, Ѓорѓи Чековски. Овој двоец лани му го донесе пехарот во Купот на Македонија на Работнички, што ќе биде нивна примарна цел и во остатокот од сезонава.

Гечевски е второто засилување за црвено-белите зимава, по ангажманот на Диме Тасовски од таборот на Струмица. 

Најново во Кошарка