Екс-центарот на МЗТ Скопје и на Куманово во „црно-бело“

Партизан прв до Луковиќ

Договорот би требало да биде заверен уште утре...

објавено: 8 август 2016 - 22:30

Урош Луковиќ ќе биде нов кошаркар на белградски Партизан, дознава „Спортмедиа". Довчерашниот играч на МЗТ Скопје ги договорил скоро сите детали од договорот кој треба да биде официјализиран во текот на утрешниот ден.
Играчот кој потекнува од Торлак, а во кариерата играл и за ФМП Железник, Сарагоса, а потоа и во Калев Талин (Естонија), својата играчка зрелост ја постигна во Куманово, а својата прва титула во Македонија ја освои оваа година, но како играч на МЗТ Скопје.
Тој ќе биде шестото засилување за белградските „црно-бели"во текот на овој летен трансфер период.
Пред извесен период имаше и најави дека високиот центар, кој како играч на македонскиот првак во просек реализираше по 10 поени и 7 скока, е во преговори со вториот македонски кошаркарски великан, екипата на Работнички.
Но од „Градски парк" не стигна ниту една официјална потврда за преговорите.

Најново во Кошарка