Созовски си замина, Србинот пред промоција во Битола

Печалов привремено во Пелистер, се чека на Тодоровиќ?

Српскиот стручњак Зоран Тодоровиќ, некогаш дел од успешниот проект на клубот од Битола, е многу блиску до враќање кај „зелено-белите".

објавено: 14 ноември 2018 - 19:50

Според најавите искусниот српски тренер во наредните денови треба да дојде во Битола и да ги дефинира личните услови за да го преземе Пелистер.

„Пелистерци" останаа без тренер, откако Предраг Созовски доби отказ пред неколку дена. Па по тоа, на натпреварот против Куманово овој викенд, екипата како „вршител на должноста", ја водеше Благој Печалов, кој, многу извесно, ќе ги води „зелено-белите" и на натпреварот в недела против Вардар во Скопје.
Во своето тренерско портфлио Тодоровиќ бил предводник на неколку прволигашки екипи од Србија како Смедерево и Раднички од Крагуевац, а работел и со младите категории на српската репрезентација. Беше и селектор на универзитетската селекција на Србија.

Најново во Кошарка