ВО СЕДМОТО КОЛО ОД ПЛЕЈ-АУТ ЛИГАТА

Пелистер е повисок од Кожув

Битолчани беа убедливи, и стигнаа до триумф од (88:66), со кој уште еднаш потврдија дека местото им е меѓу најдобрите екипи во земјата.

објавено: 24 април 2018 - 21:19

Кошаркарите на битолски Пелистер стигнаа до уште еден триумф во сегментот наречен плеј-аут лигата.
Во дуелот против уште една екипа со обезбеден прволигашки статус, беа подобри од гевгелиски Кожув
Пелистер – Кожув 88:66 (17-21; 22-20; 23-10; 26-15)
По израмнетото прво полувреме, во кое гостите од Гевгелија имаа минимална предност (41:39), се понатаму одеше во полза на битолскиот прволигаш. Во третиот период од играта момците на тренерот Зоран Петковски направија вистински играчии и резултатски пресврт. Поведоа со (62:51), и рутински го одработија оној последниот.
Американецо Луис Роберт со 22 поени го предводеше Пелистер до 11. триумф во сезоната, Анакиевски уфрли 15, Талевски 13, а Голубовиќ уште 12. поени.
Кај гевгеличани пак, одлично издание имаше Шалев, стрелец на 20. поени, Мишковиќ и Шутаров го испратија со 12.реализации.

Најново во Кошарка