СРПСКИОТ ДИНАМИК ПОДОБАР ЗА ЕДЕН ПОЕН

„Пенал-пораз“ за Работнички

Тимот од „Градски парк“ загуби од српскиот прволигаш со минимални (90:91) во првиот натпревар од турнирот во Ботевград.

објавено: 13 септември 2017 - 20:58

Кошаркарите на Работнички со пораз го почнаа учеството на меѓународниот турнир во Ботевград.

Подобар од нашиот тим беше српскиот прволигаш  Динамик. Белграѓаните се покажале како подобар противник  во финалните моменти од полуфиналето.

Откако по три четвртини Работнички водел со (75:67), српските кошаркари направиле пресврт. и на крајот стигнале до победата (91:90), и место кое води во финалето.  

Чавдар Костов со 26 и Маркус Гинјард со 22 поени биле најефикасни играчи во нашата екипа, која утре ќе игра за третото место на турнирот, и тоа против поразениот од мечот меѓу домаќинот Балкан и Академик Бултекс 99.

ФОТО: ЛАП.бг

Најново во Кошарка