ДРАМАТИЧНИ МОМЕНТИ ВО ЧАИР И ПОБЕДА НА ШКУПИ ПРОТИВ ФЕНИ

„Пеналите" на Серафимовски за чаирска радост, и кавадаречка тага

Со двете реализирани слободни фрлања на Виктор Серафимовски, на три секунди пред крајот, чаирчани дојдоа до минимална победа (99:98)...

објавено: 24 март 2018 - 18:54

Со двете реализирани слободни фрлања на Виктор Серафимовски, на три секунди пред крајот, чаирчани дојдоа до минимална победа во дуелот против Фени Индустри

Шкупи – Фени Индустри 99:98 (34-24; 21-24; 16-19; 28-31)

Петта за тимот од  Чаир во оваа сезона со која и дефинитивно се стекнаа со шанси да оебзбедат опстанок во друштовот на најдобрите.

Од друга страна пак сега, по овој „минималец' на кавадарчани им виси и онаа позиција број 6, последната која води во Суперлигата, и не носи гриши околу опстанокот. 

Инаку, тимот од Чаир направи двоцифрена разлика во првата четвртина. Одиграа „сино-белите" доста ефикасно во нападот реализираа дури 34. поени, или десет повеќе во однос на противникот.
Ја сочуваа во наредните десет, па на големиот одмор беа во позитива.
„Петорката" Рид, Догбо-Адегоке-Цого-Серафимоски беше креатор на предноста. Реализираа повеќе од десет поени во тие 20.минути,за водство од (55:48).
Пајиќ беше кошаркарот кој реализира најмногу поени за Фени Индустри во тој прв дел од мечот – 18 (7/10 шут од игра).
Не се сменија многу работите и во вториот дел од играта. Шкупи се потпираше на играта на овие пет кошаркари. Кај Фени Индустри, Пајиќ продолжи со ефикасната игра, но кога доби подршка од Петровски и Вокер (двајцата по 17. поени), кавадарчани сериозно се доближија.
На нецели четири минути пред крајот, Фени Индустри имаше само „половина поен" заостанување, (87:88). Слично беше и на две минути подоцна, (92:91) за домашната екипа, пред Рид со „два плус еден" игра не го однесе Шкупи на плус од четири поени, (95:91).
Драмата во салата „Шабан Трстена" ја продолжија Сапунџиев и Вокер, кој на 23.секунди пред крајот го донесе Фени Индустри во водство (98:97).
Но Серафимовски доби шанса, и ги искористи двете слободни фрлања за голема чаирска радост (99:98).

Најново во Кошарка