МЛАДИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ГИ ДОБИ ДОКУМЕНТИТЕ ОД СЛОВЕНИЈА

Петар Огњеновиќ е новото засилување за Куманово

Поранешниот младински репрезентативец ги доби потребните документи од словенечката федерација и потпиша дoговор со кумановскиот прволигаш до крајот на оваа сезона.

објавено: 16 март 2018 - 20:30

Екипата на Куманово ќе биде засилена во онаа втора фаза од шампионатот затоа што во текот на денешниот ден доби уште еден играч во ротацијата.
Новото име во составот на тренерот Александар Петровиќ е поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Петар Огњеновиќ.
Младиот крилен кошаркар, висок 203 сантиметри, ги доби сите потребни документи кои во Куманово ги чекаа веќе извесен период, и од денеска и официјално е нов играч на клубот.

Петар Огњеновиќ важи за некогашен играч на словенечкиот прволигаш Гросупље. Но по периодот на рехабилитација (операција на коленото), е најде во немилост на стручниот и раководниот тим на словенечкиот прволигаш. Во меѓувреме се врати во Македонија, а последниот период го искористи да тренира со екипата на Куманово.
Тренерот на Куманово, Александар Петровиќ даде согласност, по што раководството на клубот се согласи на договор кој го обрзува младиот крилен кошаркар до крајот на оваа сезона.
Kумановци имаат гостuвање во Битола, каде утре попладне ги очекува дуелот против екипата на Пелистер.

Со оглед на неповолниот лекарски билтен (болест на неколкумина првотимци, во прв ред Димитар Караџовски), за очекување е дека младиот кошаркар и ќе ги добие првите минути во македонскиот шампионат.
Огњеновиќ, е дел од генерацијата на играчи родени 1998 година, а минатото лето не беше дел од националниот тим кој настапи на ЕП од Дивиијата „Б" за играчи „Под 20 години".
Во меѓувреме, Огњеновиќ ја прекина соработката со словенечкиот прволигаш Гросупље, по што и се одлучи да ја прифати понудата која до него ја испратија луѓето од Куманово.

Најново во Кошарка