КУМАНОВО НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ТРЕНЕРСКОТО МЕСТО

Петровиќ е наследникот на Михајловски

Управата на кумановскиот тим брзо најдоа замена за испразнетото тренерско место. Александар Петровиќ ќе биде новиот предводник на кумановскиот прволигаш. 

објавено: 31 октомври 2017 - 11:30

Александар Петровиќ ќе го предводи Куманово во продолжение на сезоната. Новиот тренер на кумановскиот прволигаш доаѓа на местото на Игор Михајловски, кој поради здравствени причини одлучи да поднесе оставка. 

Петровиќ и челниците на клубот пред малку си подадоа рака и тој ќе дебитира на клупата на Куманово наjверојатно во БИБЛ-лигата и тоа на гостувањето кај Тирана (7 ноември), бидејќи во домашното првенство тимот треба да се соочи со МЗТ Скопје, но оваа средба најверојатно ќе се игра нешто пдооцна.

Петровиќ во својата кариера ги има водено екипите на МЗТ Скопје, Пелистер, Карпош Соколи и Академија ФМП.

Куманово во досегашниот дел од сезоната во македонскиот шампионат има две победи и два порази и се наоѓа на петото место на табелата, и во БИБЛ-лигата се наоѓа на истата позиција со една победа и два порази.

 

Најново во Кошарка