ТРКА ЗА МЕСТО КОЕ ВОДИ ВО ДОИГРУВАЊЕТО ЗА ТИТУЛАТА

Плеј-офот е многу поблиску до Куманово!

Во натпреварот кој одлучува(ше) кој ќе биде поблиску до местото број 4, или последното кое води во плеј-офот, Куманово беше з амалку подобар од гостивар ( ) па сега е на два чекори пред конкурентот...

објавено: 19 април 2018 - 20:53

Во натпреварот кој одлучува(ше) кој ќе биде поблиску до местото број 4, или последното кое води во плеј-офот...

КУМАНОВО – ГОСТИВАР 77:71 (23-14; 18-18; 11-18; 25-21)
Кум,ановци беа многу подобар противник во првата четвртина во која беа многу блиску и до двоцифрена предност. Поведоа со (23:14), и тоа сосема коректно водство го бранеа и до полувремето, каде разликата беше иста (41:32),
Доста израмнета беше и третата четвртина од играта, не баш ефикасна, но добра за гостите. Минути во кои гостиварци симнаа дел од негативата. Се доближија на (43:49) во скоро 27. минути играње. Потоа и на уште пониски (46:50), благодарение на тројката на Тасовски, трета за него, и 18. реализирани поени со кои беше единствениот „двоцифрен" во гостинската екипа. А во таа улога кај домаќинот беа Ковач и Јанески.
Гостиварци немаа намера да застанат, па до истекто на третито период се довлишија и на само два поени негатива (50:52).

Стартот на последниот, беше во знакот на Куманово. Со серијата од (12-5), домашните одново се одвоија (64:55). А по тројката на Стајиќ беше и плус 10 (69:59), кога останаа да се доиграат неполни пет минути.
Долги и за двете екипи, особено домашната, која никако не успеваше докрај да го скрши отпорот на борбените кошаркари на Гостивар.
Тројката на Димчевски за -1 (68:69), ги претвори последните две минути во драматични.
Да не биде до тој степен „жешко" за Куманово, со „два плус еден " игра се погрижи Караколев (72:68).

На пет кола до крајот, Куманово е на два чекори пред гостивар... трката продолжува, но кумановци сега имаат голема прендост.

 

 

Најново во Кошарка