Потврден договорот со младиот репрезентативец

По Илиевски, потпишан и Маслинко

Само 24 часа откако раководството на Работнички го потврди договорот со поранешниот репрезентативен капитен Владо Илиевски, од „Градски парк" дојде уште една трансфер информација, онаа за официјализирањето на договорот со Андреј Маслинко

објавено: 9 септември 2016 - 13:12

Само 24 часа откако раководството на Работнички го потврди договорот со поранешниот репрезентативен капитен Владо Илиевски, од „Градски парк" дојде уште една трансфер информација.
А таа вели дека нов играч на „црвено-белите" во наредниот период ќе биде еден актуелен младински, а веројатно и иден сениорски репрезентативец.

Станува збор за Андреј Маслинко, кој беше од првиот ден на подготовките со тимот од „Градски парк". Па сега откако и двете страни постигнаа формален договор, кој го потврди и менаџерската агенција на младиот кошаркар, нема пречки да биде и лиценциран, односно да добие дозвола за настап во следната сезона.
Со тоа нашиот најтрофеен кошаркарски колектив доби уште едно одлично засилување. Но сега на оние крилни позиции.

Андреј Маслинко (206см-1997 год), пред неколку години важеше за еден од најдоминатните кошаркари во својата генерација во домашните младински лиги.
Особено добрите изданија во младинската лига на Македонија условија негова преселба во Италија. Поточно во екипата на „Стела Азура". Но, ланската сезона ја мина во второлигашот Пафони Омења каде заработи повреда поради која паузираше доста долг временски период.
Токму повредата не му даде на Маслинко да се најде на списокот на играчи кои беа дел до младинската селекција за ЕП од Дивизијта „Б" во Халкида.
Договорот со Работнички ќе биде негова добра можност кошаркарски да се "врати во живот", и да го покаже сиот свој талент и играчки потенцијал.

Најново во Кошарка