Екипата на МЗТ Скопје тивко го крои составот на новата натпреварувачка сезона. По Марко Симоновски кој по пауза од една година повторно се враќа во редовите на македонскиот шампион, следен на листата на желби е Бојан Трајковски.
Челниците на клубот и претходно сакаа да го потпишат репрезентативниот центар, но не успеаја да се договорат. Овој пат работите се поинакви... Доколку на „кормилото“ на МЗТ Скопје застане Емил Рајковиќ, во тој случај Трајковски би можел да го облече „сино-белиот“ дрес.
За потсетување во следната сезона за „штрковите“ нема да настапува Дамјан Стојановски, кој посакува својата кариера да ја продолжи надвор од Македонија.