Изненадување во Гевгелија и победа на уште еден домаќин

Победи за Кожув и за Куманово

Кошаркарите на Кожув на сензационален начин го победија Гостивар со 77:76 во 13. коло од Првата македонска кошаркарска лига. Бодови освои и Куманово и тоа по негативата од 15 поени против Охрид. Сепак на крајот беше плус 8 за кумановци, кои победија со 105:97

објавено: 20 јануари 2018 - 20:24

Кошаркарите на Кожув на сензационален начин го победија Гостивар со 77:76 во 13. коло од Првата македонска кошаркарска лига. Бодови освои и Куманово и тоа по негативата од 15 поени против Охрид. Сепак на крајот беше плус 8 за кумановци, кои победија со 105:97.

Гевгеличани успеаја да му го нанесат петтиот пораз на Гостивар сезонава, а влегоа во серија од три победи, од вкупно колку што имаат по 13 кола.

Мишковиќ со 25 поени и 10 скока беше прва фигура на мечот.

Куманово успеа да направи пресврт, иако охриѓани водеа со 29:14 по првата четвртина. Полека, но сигурно домаќините ја топеа негативата и запишаа важни бодови.

Караџовски со 22 поени беше најефикасен во победничкиот состав, додека Стајиќ забележа 18 поени, а Штерјов 17. Јунаковиќ со 36 поени беше најефикасен на мечот и со Кенет кој уфрли 24 поени го држеа  Охрид  во игра до самиот крај.

 

Најново во Кошарка