ОДРЖАН СОСТАНОК СО КЛУБОВИТЕ ВО ГЕНЕРАЦИИТЕ М16 И М18-МАЖИ

Поголем интерес од ланскиот!

Дваесет и девет екипи пријавија учество во овие две лиги (не сметајќи ги двата тима на една екипа) и тоа 23 (26 тимови вкупно) екипи во генерацијата до 18 години односно 24 во генерацијата до 16 години.

објавено: 23 август 2018 - 16:15

Денеска, во просториите на Македонската кошаркарска федерација беше одржан состанок со претставниците на клубовите кои претстојната 2018/2019 сезона ќе се натпреваруваат во кадетската и јуниорската лига (М16 и М18) во машка конкуренција.

Спортскиот Директор Владимир Темелковски со Комесарот за натпреварување Владо Цветковски на присутните им го презентираа предлог-системот за натпреварување, Пропозициите за натпреварување, Правилникот, како и предлог-календар изработен по предлози на клубовите. Беше презентиран и извештај од инспекција на салите кои ги имаат пријавено екипите за одигрување на натпреварите како домаќини во лигата.

Дваесет и девет екипи пријавија учество во овие две лиги (не сметајќи ги двата тима на една екипа) и тоа 23 (26 тимови вкупно) екипи во генерацијата до 18 години односно 24 во генерацијата до 16 години.

Најново во Кошарка