НА РАБОТНИЧКИ МУ БИЛЕ ПОНУДЕНИ НЕКОЛКУ ТЕРМНИ, НО ГИ ОДБИЛЕ

Поради туѓи перфидни игри, МТВ ќе размисли дали ќе пренесува мак-кошарка

Дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје отиде од крајност во крајност. И не е само местото на одигрување, проблем е ТВ-преносот. Од МТВ потврдија дека на најтрофејниот клуб му биле понудени неколку термини, но ниту еден не бил прифатлив. Токму затоа во иднина телевизиска куќа ќе размисли дали воопшто ќе пренесува македонската кошарка. 

објавено: 16 април 2018 - 13:31

Дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје отиде од крајност во крајност. И не е само местото на одигрување, проблем е ТВ-преносот. Од МТВ потврдија дека на најтрофејниот клуб му биле понудени неколку термини (17:45 и 20:15), но ниту еден не бил прифатлив. Токму затоа во иднина телевизиска куќа ќе размисли дали воопшто ќе пренесува македонската кошарка.

Двата градски ривали одложеното дерби поради проблем со семафорот за 24 секунди во „Градски парк“ силите ќе ги одмерат дури во Гостивар, со почеток во 19 часот, без публика. 

„Во наредните ден-два, МТВ ке реши дали во вакви околности, кога нуди речиси сѐ, особено кога станува збор за дерби мечевите, а најчесто излегува главен виновник и покритие за туѓи перфидни игри, ќе продолжи со пренесување на натпреварите од домашниот кошаркарски шампионат до крајот на сезонава“, велат неофицијално од МТВ.

 

 

Најново во Кошарка