ЗА СЕКОЈА ПОЧИТ:

После 55 години, легендарниот Чаве замина во пензија (ФОТО)

Славчо Маркоски, многу попознат, барем во кошарката, како Чаве, беше и остана скромен, а на еден таков начин оние кои ги водеше на почетокот на оваа сезона, а дел од нив и во изминатите неколку, го испратија скромно – помеѓу пензионерите – оние кошаркарските.

објавено: 22 октомври 2018 - 08:40

Беше и остана скромен, а на еден таков начин оние кои ги водеше на почетокот на оваа сезона, а дел од нив и во изминатите неколку, го испратија скромно – помеѓу пензионерите – оние кошаркарските.

Натпреварот од Втората лига, оној против младата екипа на Феникс 2010, беше последниот кој Славчо Маркоски го водеше како шеф на стручниот штаб на екипата на КК Тетекс - од Тетово.

После цели 55.години, играње, тренерување, радување, тагување, убави, лоши моменти, популарнито Чаве одлучи да се повлече. Како што кажа, да им го препушти своето тренерско столче на помладите.

Во овој случај, на Димче Вучески, кој ќе се обиде заедно со другите „штофари", или момците кои го носат дресот на Тетекс да дојде до што е можно подобар резултат во второлигашката конкуренција.
И да ќе остане запаметено дека легендарниот Чаве си замина од клупата, со победа, и тоа убедлива (74:54), против „фениксите" од Скопје.


Се друго сега е историја
Чаве – заслужи да одмораш, да уживаш во своите пензионерски денови, иако знаеме дека не си „мирен". Дека ќе бидеш тука некаде, во салата на „Медицинското" (или некоја друга тетовска) да гледаш, да бидеш првиот „критичар" на игрите, на работата на твојот наследник на клупата.
И треба да биде така, тоа е дел од животниот круг...



Најново во Кошарка