МИЛОЈЕВИЌ ЌЕ ГО ПРИДРУЖУВААТ ДВАЈЦА ПОМЛАДИ ФИБА СУДИИ

Познато е кои јунаци ќе судат утре во „Градски парк“

После синоќешното случување кога МЗТ го обвини едниот судија дека им ја „украл“ победата, не му беше лесно на комесарот да најде тројца јунаци кои судат на утрешниот, можеби последен дуел од финалето

објавено: 24 мај 2018 - 21:45

Иван Мијалковски доби доверба да суди во третиот натпревар од финалето на плејофот, и заедно со Александар Милојевиќ и Александар Давидов кои судеа и вчера, да дебитира во оваа финална серија. Не е баш благодарно да се биде судија во финална серија кога играат скопските ривали, притисокот е огромен, се внимава на сите и најситни детали, се приговара на сите одлуки, па комесарот Владо Цветковски мора добро да размислува кои тројца судии се најпогодни за делење правда. 

Првиот меч го судеа Милојевиќ, Павлов и Феревски, а на вториот триото беше Милојевиќ, Игор Митровски и Давидов. Овојпат шанса доби Мијалковски. Никој не посакува судиите да влијаат врз конечниот исход, но и кошаркарите и стручните штабови со својот однос треба да помогнат средбата да мине без црни дамки. 

Најново во Кошарка