Вардарци со две нови засилувања против Пелистер

Преселба од „Градски парк“ на „Кале“: Марковски и Станков за посилен Вардар

Некогашните кошаркари на Работнички, Јован Марковски и Ненад Станков го засилија таборот на „црвено-црните“. И двајцата играчи ќе имаат право на настап на утрешниот дуел против Пелистер. 

објавено: 26 ноември 2016 - 11:52

Вардар продолжува во ангажирање на македонски кошаркари. „Црвено-црните“ на утрешниот дуел против Пелистер во рамките на 2. коло од Првата лига ќе настапат со две нови имиња.

Станува збор за сега веќе некогашни играчи на Работнички, Јован Марковски и Ненад Станков, чие искуство ќе биде од голема помош за вардарци. Марковски долго го носеше дресот на Фени Индустри, додека пак Станков пред да замине во Работнички, беше токму играч на Вардар.

Во првото коло од новата сезона, „црвено-црните“ беа поразени од Струмица и утре на домашен терен преку Пелистер ќе се обидат да дојдат до првата победа. 

 

Најново во Кошарка