КК Тетекс е приказна која трае 65 години и продолжува да остава неизбришлива трага во историјата на македонската кошарка. Приказната започна во далечната 1952 години со основачите Благоја Митруш и браќата Вуко и Нуци Савиќ, а продолжува со Бране Јуфка и Мике Спироски.
Во 1962 год. во екипата како јуниор доаѓа живата легенда Славчо Марковски - Чаве, кој пред некој ден го прослави 70. роденден и 55. години присуство во клубот а тоа значи дека ја испишал историјата на клубот и поминал низ многу предизвици и многубројни убави и помалку убави моменти.
Денеска КК ТЕТЕКС се натпреварува во Втора македонска лига со надеж дека еден ден ќе заигра и во Прва македонска лига. Во рамките на прославата се одигра првенствен натпревар со екипата на КК Црн Дрим кој екипата на КК Тетекс го доби со резултат 88:57.
Прославата заврши со свечена вечера и доделување на признанија.
ТЕТЕКС Е ЕДЕН!!!