Марин Докузовски радосен по дербито:

Притисокот беше на нивна страна, ние го испочитувавме договореното

„Она што се договоривме, го испочитувавме. И мислам дека со некои мали корекции можевме да примиме и помалку кошеви. Пред се заради некои глупости кои ги направивме“.

објавено: 6 декември 2017 - 20:00

Марин Докузовски има причини да биде задоволен и по крајот на осмото првенствено коло.
Работнички го победи својот најголем конкурент и во оваа сезона, а и во изминатите, МЗТ, сега и на СЦ „Јане Сандански" (76:71)

„Од страна гледано, доста борбен натпревар, вистински првенствен. Одамна не сме гледале вакво дерби. Пред се залагање на играчите. МЗТ реално има многу поголем број на поквалитетни играчи еден целосен ростер. Ние имаме проблем со измените, имаме проблем со личните грешки.Меѓутоа, притисокот беше на нивната страна. Она што се договоривме, го испочитувавме. И мислам дека со некои мали корекции можевме да примиме и помалку кошеви. Пред се заради некои глупости кои ги направивме.

Меѓутоа, на крајот сепак сум задоволен затоа што секогаш кога играат МЗТ и Работнички, секоја победа е драга. Без разлика што ова е рана фаза, првенството е дури сега почнува. Но ова е наше дерби и сакам да го добиеме, и драго ми е што ете така, си го вративме дербито"- рече Докузовски.

Најново во Кошарка