Нова шанса за Карпош Соколи против најтрофејниот тим

Проблем за Работнички: Без Чековски против „соколите“

Работнички на вечерашниот дуел против Карпош Соколи нема да може да смета на еден од најискусните кошаркари, Ѓорѓи Чековски, кој поради повреда ќе го „прескокне“ овој меч.

објавено: 15 март 2017 - 15:47

Проблем за Работнички на стартот на Супер-лигата. Најтрофејниот кошаркарски колектив никако не може да се собере, повредите постојано му задеваат главоболки на стратегот Марин Дозкуовски. Тимот од „Градски парк“ во новиот дуел со Карпош Соколи ќе настапи без еден од најискусните кошаркари, поради повреда Ѓорѓи Чековски нема да биде во составот.

Ова пак ќе биде нова шанса за Карпош Соколи да дојде до втората победа во пресметките со искусниот состав, откако претходно беше подобар во полуфиналето во Купот на Македонија. „Соколите“ кои зад себе го имаат успешниот настап во дебитанската сезона во АБА-лигата и Куп-трофејот, најавија атак на шампионската титула. За остварување на новата цел, пред стартот на Супер-лигата го потпиша Жарко Чомагиќ, кој доаѓа на местото на повредниот Зоран Вркиќ. 

Натпреварот меѓу Карпош Соколи и Работнички ќе се игра во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот. Првото коло од Супер-лигата ќе биде комплетирано утре кога во „Јане Сандански“ се среќаваат МЗТ Скопје и Фени Индустри.

 

Најново во Кошарка