НОВА ТИТУЛА ЗА „БАДЕЛКИ“

Продолжи „диктатурата“ на Бадел 1862

Чисти 3-0 за тимот од Кисела Вода во финалето против Вардар. За „црвено-црните“, утеха е дека го совладаа Бадел во Купот

објавено: 16 мај 2018 - 21:36

Бадел 1862 продолжува да владее на домашната сцена во женската клупска кошарка. Кошаркарките од клубот од скопската општина Кисела Вода со 3-0 во финалната серија од плејофот го совладаа градскиот ривал Вардар и ја освоија петтата титула едноподруго. Вечерва како гостин, тимот на тренерот Перо Стамески беше подобар од Вардар со 76:55.

Александра Стојановска е прогласена за најкорисен играч во финалната серија. Во финалето се играа само два меча, бидејќи Бадел тргна со предност од 1-0. После поразот од Вардар во Купот, сепак Бадел собра сили во плејофот да биде оној вистинскиот, ги искористи проблемите и слабостите на ривалот, па дојде до нов трофеј. 

Најново во Кошарка