ВО ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ОД ВТОРОТО КОЛО

Прв триумф за шампионот, МЗТ Скопје лесно го реши Шкупи

МЗТ Скопје ја забележа првата победа во одбраната на титулата, откако на гостувањето кај Шкупи очекувано славеше со 71-97 (12-20, 24-30, 17-26, 18-21).

објавено: 18 октомври 2017 - 19:29

Нема одмор за МЗТ Скопје. По големиот триумф на гостувањето кај Игокеа во рамките на АБА-лигата, избраниците на Александар Тодоров ја решија и домашната „задача“. Овој пат дојдоа до очекувана победа, откако на гостувањето кај Шкупи славеа со 71-97 (12-20, 24-30, 17-26, 18-21) за прва радост. 

Со оглед на разликата во квалитетот, Тодоров им даде шанса да на сите кошаркари, но за да го „скриши“ отпорот на домашниот тим, му беа потребни поискусните, односно стандардните. Шкупи на стартот имаше минимално водство од 7-6, но потоа на сцена настапија кошаркарите на МЗТ Скопје, по првата четвртина имаа водство од 12-20, а потоа на полувремето 36-50.

До крајот на шампионот му остана полесната задача, рутински да го одржи водството за прва победа во одбраната на титулата.

Од помладите кошаркари, Маслинко максимално ја искористи својата шанса, забележа дабл-дабл од 16 поени и 12 скока. Прв стрелец беше Јансен со 21 поен, додека Трајковски имаше 14 поени. 

 

Најново во Кошарка