Има компромис, има решение, ќе има и кошарка во Македонија

Првенството ќе продолжи, после ќе се плаќа

Клубовите и МКФ постигнаа договор. Најдоа заедничко решение според кое ќе се игра македонска кошарка, односно и првите осминафинални мечеви од Купот на Македонија, но и другиот дел од сезоната во Првата лига.

објавено: 31 јануари 2017 - 18:17

Клубовите и МКФ постигнаа договор. Најдоа заедничко решение според кое ќе се игра македонска кошарка, односно и првите осминафинални мечеви од Купот на Македонија, но и другиот дел од сезоната во Првата лига.
Ова откако на денешниот состанок на претседателот на МКФ, Петар Наумоски, со претседателите на клубовите, конечно беше (про) најден еден разумен компромис. Односно „формула" според која треба да се задоволат и двете страни.
Пред се околу начинот на исплатата на парите што четирите прволигаши, Струмица, Куманово, Карпош Соколи и Кожув кои ги имаат како долг спрема федерацијата. На состанокто беше утврдено дека раководството на Струмица платило најголем дел од долгот, и тоа во текот на денешниот ден, што од друга страна беше знак за раководството на федерацијата даде продолжен рок за подмирување на тој „последне дел"до почетокот на Суперлигата и плеј-аут натпреварувањето.


Освен тоа постигнат е договор и со екипите на Кожув и на Куманово. Односно исто така дел од сумата, или пак целата сума да биде платена најдоцна до почетокот на наредното првенствено коло, закажано за овој викенд. Секако да се тргнат оние суспензии, а доколку исплатат не биде реализирана во целост, истата да се комплетира до стартот на Суперлигата. За овие одлуки-компромис пред се, биле консултирани и другите прволигашки клубови кои од порано ги имаа подмирено своите обврски спрема федерацијата.
Или се заедно, во една реченица кажано, одлука што е донесена за доброто на кошарката. а по која кошаркарската топка утре вечер ќе биде потфрлена во Гостивар односно во Скопје, на куп-натпреварите Гостивар 2015 - Струмица односно Вардар - Пелистер.

Најново во Кошарка