НАЈТРОФЕЈНИОТ ЈА ОДЛЕЖУВА КАЗНАТА

Работнички без публика против Фени

Поради казната од минатата сезона, Работнички на првиот домашен меч во Првата лига ќе игра пред празни трибини. 

објавено: 13 октомври 2017 - 10:55

Првиот домашен меч во новата сезона во Првата лига, Работнички ќе го игра пред празни трибини. Најтрофејниот клуб поради казната од минатата сезона на дуелот против Фени Индустри нема да може да смета на поддршка од своите навивачи.

За потсетување во полуфиналето на плеј-офот, Работнички поради фрлање на тврди предмети кои предизвикаа прекин на дуелот против Карпош Соколи, доби суспензија од еден натпревар, а додека на истата пресметка, по пријава на судиите Ѓорѓи Чековски во последниот меч беше исто така санкциониран со еден меч. Искусниот крилен-центар не беше во составот на гостувањето кај Куманово, каде неговиот тим славеше со 91-88.

 

Најново во Кошарка