ОТКАКО ПОБЕДИЈА И ВО КУМАНОВО И ИМААТ (2-0) ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Работнички е на чекор до финалето

Само уште една победа ги дели кошаркарите од „Градски Парк" од пласман во финалето на плеј-офот, откако беа подобри и на гостински терен од Куманово.

објавено: 12 мај 2018 - 20:46

Само уште една победа ги дели кошаркарите од „Градски Парк" од пласман во финалето на плеј-офот, откако беа подобри и на гостински терен од Куманово.

Куманово – Работнички 68:82 (12-18; 19-15; 14-15; 23-24)
Пред избраниците на Марин Докузовски е уште една цел, трета победа во серијата по која најтрофејниот македонски кошаркарски колектив ќе игра за својата 15. Шампионска титула во историјата,
По осум минути игра, Работнички имаше големи, огромни (24:8), и уште тогаш стана јасно дека кумановци немаат средства за одбрана од лидерската екипа.
Дека немаат енергија да го повторат подвигот од оној суперлигашки дуел, кога му го нанесоа вторито пораз на најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната.
Затоа не беа воопшто чудни оние (28:12) кои ги имаше фаворитот на истекот на првиот период од вториот полуфинален меч од плеј-оф серијата.
Работнички имаше одлични, почетни (4/6 во шутот за три поени), далеку подобри од оние (1/6) на домаќинот.
Работнички го бранеше тоа убедливо водство, се до 16 минута, кога по поентирањето на Штерјов стана едноцифрено (35:26).

Знак за аларм на клупата, и тајм-аут на тренерот на „црвено-белите", Марин Докузовски. Доволно да се сопре налетот на Куманово и на полувреме да се замине со сосема солидни (43:31).

Иако стана од клупата за резерви, силниот Еванс за десет минути даде десет поени, и беше единствениот кој ја надмина двоцифрената бројка на дадени поени.
Главна болка на „сино-белите" беа загубените топки-девет (пет на Стајиќ кој беше одлично чуван).
По одморот, немаше многу промени, ниту во играта, уште помалку во резултатот. Гостите од Скопје, со далеку подолга ротација, работеа рутинерски. Одржуваа двоцифрено водство, кое по 27. минути игра беше поставено на 16 поени, (52:36).
Новиот обид, односно осум поени во серија, го донесоа Куманово до (53:64), но Костов, со тројка, го одбрани гостинот уште еднаш (67:53) во средишниот дел од последната четвртина.
Но вистинско изненадување беше „појавата" на младито Георгиевски, кој „врза" пет поени по ред, и на 3:36 минути пред крајот, Куманово дојде до едноцифрен минус (63:71).
Грешката на Мекиќ, со тројка ја казни, Костов (74:63), за помирна завршница на гостинската екипа која сега има голема предност во оваа серија.
Со уште една победа, пред своја пблика, за некој ден во „Градски парк", Работнички ќе обезбеди уште едно учество во финалето на плеј-офот, и ќе се бори за својата 15. шампионска титула.
Костов финишираше со 20.поени (и шест скока), Џинјард 18, а Еванс уште 16. поени во победничката екипа.
На другата страна, капитенот Јанески уфрли 17.поени, а само уште Стајиќ ја надмина двоцифрената граница. Постигна десет поени, имаше и пет додавања, но немаше трет, или уште некој друг играч во Куманово кој ќе им парира на странските кошаркари кои ги има Работнички.

Најново во Кошарка