„Црвено-белите“ го потврдија спектаклот за 70. роденден

Работнички и Фенербахче за заборав на црните денови

Со ревијален натпревар против Фенербахче за кого настапува македонскиот интернационалец, Перо Антиќ, најтрофејниот македонски кошаркарски колектив ќе ја започне прославата на својот 70. роденден.

објавено: 16 септември 2016 - 12:24

Екипата на Работнички на 30 овој месец со ревијален натпревар против Фенербахче за кого настапува македонскиот интернационалец, Перо Антиќ ќе го започне одбележувањето на 70-годишниот јубилеј. Челниците на клубот 'инспирирани' од моменталната ситуација во мак-баскетот,  одчучија да организираат вистински спектакл, нешто за што публиката кај нас е 'гладна'. 

„Мене ќе ми биде „најлесно“ против Фенербахче. Се наоѓаме во еден подготвителен период. За нас ќе биде голема чест што ќе играме против еден таков противник, резултатот ќе биде во втор план нормално. Се надевам дека салата ќе биде до последното место. По ова што се случува во нашата репрезентација, ќе се случи еден убав момент, изјави тренерот на Работнички, Марин Докузовски.

Градоначалникот на оптшина Центар, Андреј Жерновски не заборави да изрази благодарност до Перо Антиќ, кој е главниот „виновник“ за гостувањето на турскиот тим.

„Посебна благодарност до Перо Антиќ без чија помош овој натпревар нема да се одигра, имаше големо влијание’, рече Жерновски.

Мечот со Фенербахче е само почеток на прославата на големиот јубилеј, во текот на сезоната ќе бидат испочитувани сите легенди кои биле дел од Работнички.

Билетите за средбата со Фенербахче која ќе игра во Вип Арената 'Борис Трајковски', ќе бидат по цена од 200 денари и веќе од утре ќе бидат пуштени во продажба. Покрај бројните македонски фанови во Скопје се очекува да пристигнат и гостински навивачи. 

 

Најново во Кошарка