Две нови суперлигашки пресметки

Работнички и Фени по „рехабилитација“, Куманово и Соколи по перфекција

Работнички на домашен терен го пречекува Куманово (18 часот), додека Фени Индустри во „Јасмин“ (17 часот) е домаќин на Карпош Соколи.  

објавено: 19 март 2017 - 15:59

По празите во првото суперлигашко коло, Работнички и Фени Индустри денеска на домашен терен ќе имаат шанса да дојдат до првите победи во борбата за место во плеј-офот. Но, ниту сега нема да биде лесно за двата тима.

Најтрофејниот кошаркарски колектив во „Градски парк“ го пречекува тимот на Куманово, кој во минатото коло по продолжение го совлада Кожув и најави дека може да биде незгоден противник и без Данило Мијатовиќ. На другата страна искусниот стратег Марин Докузовски и неговите избраниците зад себе го имаат поразот од Карпош Соколи, меч на кој поради повреда на настапи Ѓорѓи Чековски, а најверојатно вечерва ќе биде во составот. Сепак, во досегашниот дел од сезоната „црвено-белите“ го добија сите дуели со кумановци, на стартот на Првата лига славеа убедливо, а ги елиминираа и во четвртфиналето на Купот. Од „Градски парк“ се надеваат дека традицијата нема да се промени...

Фени Индустри од втора ќе се обиде да го добие фаворизираниот тим на Карпош Соколи. По поразот во финалето во Купот на Македонија, но и оној од МЗТ Скопје на стартот на Суперлигата, кавадарчани со помош на домашната публика ќе се обидат да дојдат до првиот триумф. 

 

Најново во Кошарка