БЕЗ РЕШЕНИЕ ПО ПРВАТА СРЕДБА

Работнички и МЗТ Скопје не се договорија, одново ќе седнат на маса

Работнички и МЗТ Скопје не успеаја да ги договорат сите детали пред вечното дерби. Новата средба е закажана за 24 часа.

објавено: 12 април 2018 - 18:33

Во интерес на кошарката, денеска во МКФ претставниците на Работнички и МЗТ Скопје, Тони Грнчаров и Ристо Гапиќ заедно со МВР и првиот човек на федерацијата, Петар Наумоски и спортскиот директор, Владимир Темелковски одржаа состанок. 

Главна тема беше безбедноста на вечното дерби кое е закажано во недела во салата „Градски парк“. Откако не беше најдено конкретно решение, сите страни се согласија за нова средба која е закажана за 24 часа.

Работнички засега во салата „Градски парк“ постави заштитини мрежи, а за да дербито мине во најдобар ред, без скандали обезбедувањето ќе мора да биде во поголем број. 

Што ли ќе се договорат лутите ривали ќе дознаеме за 24 часа. 

 

Најново во Кошарка