ФЕНИ НЕ Е КОНКУРЕНТЕН

Работнички ја „скина" и баксузната „тринаесетка"

Нема застанување за лидерот, рутинерски одработија во „Јасмин", во мечот кој некогаш беше вистинско дерби славеа момците од „Градски парк" (74:55).

објавено: 17 јануари 2018 - 18:28

Нема застанување за лидерот, рутинерски одработија во „Јасмин", во мечот кој некогаш беше вистинско дерби славеа момците од „Градски парк".

Фени Индустри – Работнички 55:74 (8-18; 14-10; 26-15; 18-20)
Посилни за Девон Вокер, но ослабени со неиграњето на повредениот Горјан Марковски (и претходно отсутниот Предраг Пајиќ), кавадарчани му дадоа отпор на лидерот на табелата. Дури и ја добија втората четвртина од натпреварот во „Јасмин", по која на полувремето Работнички водеше со „ракометни" (28:22).
Дури по одморот, гостите од Скопје малку го подзасилија ритмот. Почнаа да погодуваат од далечина во што преднашеше искуснито Мираковски (погоди четири) па полека работре почнаа да си доаѓаат на своето место, (54:37) беше за фаворитот во три одиграни периоди.
Четири од петте стартни играчи на Работнички (освен Лековски), завршија со двоен број на поени.
Кај Фени Индустри, освен дебитантот Вокер (даде 21), капитенот Петровски имаше 14, а младиот Милков уште 12. реализации.

Најново во Кошарка