Фаворитот без проблем

Работнички како фурија: Без Чековски и Илиевски го демолира Пелистер

Работнички ја оправда фаворитската улога на дуелот со Пелистер, без двајцата искусни кошаркари славеше со убедливи 95:60 во рамките на 13. коло од Првата лига. 

објавено: 25 февруари 2017 - 17:30

Двојната програма во салата „Јасмин“ ја отворија екипите на Пелистер и Работнички. Најтрофејниот кошаркарски колектив не се штедеше на дуелот со битолчани, и покрај тоа што настапи без Ѓорѓи Чековски и Владо Илиевски дојде до убедлив триумф од 60:95 (9-26, 17-22, 13-30, 21-17). Со овој триумф, Работнички останува на првото место на табелата.

Гостите главниот удар го задода најпрво во првата четвртина, добивајќи ја со 9-26. Во слично темпо одиграа во третата четвртина по која имаа предност од 39-78.

Маслинко со 23 поени и 13 скока беше најефикасен кај Работнички, зад него беа Павловски со 17 поени и 11 скока и Тасовски со 16 поени. На другата страна, Андрејевиќ имаше 20 поени. 

Во вториот дуел во салата „Јасмин“, Фени е домаќин на Струмица, средбата поќнува во 18:30 часот.

Најново во Кошарка