Најтрофејниот прослави седум децении постоење

Работнички ќе го памети овој роденден (ФОТО)

„Црвено-белите“ во ревијалниот натпревар загуби убедливо од европскиот гигант, Фенеребахче, но тоа не беше причина за да се расипе прославата.

 

објавено: 30 септември 2016 - 20:30

Рабтонички беше поразен на ревијалниот натпревар против Фенербахче со 60:92 (11-27, 13-21, 21-22, 15-22), но тоа не беше причина за да се расипе прославата на 70-годишната од своето постоење.

Работнички одлично го отвори мечот и по двете тројки на Владо Илиевски поведе со 8:4. Тогаш Фенербахче го зголеми ритамот и за само две минути со серија од 16-0 поведе со 8:20.

Во продолжение од натпреварот турскиот тим доминираше, но тоа не беше причина за да се расипе роденденот. Навивачите на двете екипи постојано ги бодреа своите миленици, на теренот имаше доста аткративни потези, најчесто од страна на гостинската екипа.

Во 28. минута, тимот од Истанбул имаше убедливи 57:28. На крајот најважно од се дека во Скопје вечерва гостуваше еден од најдобрите европски клубови.

Кај Работнички најефикасен беше Ефремовски со 15 поени, а двоцифрени беа уште Илиевски 13 и Мишановиќ 14. На другата страна Датоме даде 14 поени, додека нашиот Перо Антиќ реализираше 13 поени.

По подолго време Скопје уживаше во една убава кошаркарска претстава, а Арената „Борис Трајковски“ беше исполнета речиси до последно место.

Најново во Кошарка