ПОЗНАТИ СЕ ПЛЕЈ-ОФ УЧЕСНИЦИТЕ, НО НЕ И ПОЗИЦИИТЕ

Работнички ќе решава многу работи

Во последните три кола, кандидатите за местото број 2 на суперлигашката табела МЗТ Скопје и Блокотехна ќе разигруваат против актуелниот лидер, и тука некаде може да падне одлуката околу тоа која екипа ќе има предност на домашен терен во доигрувањето...

објавено: 27 април 2018 - 13:12

МЗТ Скопје се врати на второто место на табелата во Суперлигата откако синоќа со убедливи (87:73) ја победи Блокотехна.

Па при евентуален ист број на бодови на истекот на десетото коло од Суперлигата, шампионот ќе има предност, и ќе има натпревар повеќе на домашен терен во полуфиналето на плеј-офот.

Јасни се сите четири учесници во доигрувањето, Работнички ќе биде прв, Куманово,многу извесно на позицијата 4. А кој ќе биде помеѓу, јасно е, ќе одлучат последните три круга МЗТ Скопје и Блокотехна.
Во последните три кола, МЗТ има гостување во Гостивар и домашни мечеви со Работнички и АВ Охрид, додека Блокотехна игра дома со АВ Охрид, а гостува кај Куманово и Работнички.
Бидејќи трката за второто место е тесна, може да пресуди и билансот во меѓусебните дуели.
Домашниот терен и не е некоја преголема предност кога играат овие два тима, бидејќи и Блокотехна еднаш победи во „Јане Сандански", и МЗТ еднаш во Негорци.
Блокотехна е дебитантски клуб во Првата лига, а веќе имаат три полуфиналиња, по едно во Купот на Македонија, во регионалната БИБЛ лига, и во домашното првенство.

Најново во Кошарка