НАЈТРОФЕЈНИОТ НАЈАВУВА „БОГАТА“ СЕЗОНА

Работнички ќе се проба во ФИБА Европа Купот

Работнички ќе биде единствениот македонски претставник во ФИБА Европа Купот. Тимот од „Градски парк“ се најде во „шеширот“ на носители, ждрепката за квалификациските двојки ќе се одржи во Минхен, датумот ќе биде дополнително одреден. 

објавено: 14 јули 2017 - 11:42

Работнички ќе биде единствениот македонски претставник во ФИБА Европа Купот. Тимот од „Градски парк" се најде во „шеширот" на носители, ждрепката за квалификациските двојки ќе се одржи во Минхен, датумот ќе биде дополнително одреден. Станува збор за натпреварување во кое пред некоја сезона беше дел и тимот на Куманово.

Пријавувањето во ова натпреварување е најверојатно причината поради која тимот од „Градски парк“ до сега беше најпасивен за разлика од останатите клубови, како за засилувањата, така и за амбициите за новата сезона. Но, потврдата дека Работнички ќе го гледаме во ФИБА Европа Купот, е доволна најава дека најтрофејниот подготвува „дрим тим“, со кој ќе се обиде да стави крај на постот кога станува збор шампионската титула во домашниот шампионат.

Во квалификациските рунди за десетте слободни места ќе се бори 31 екипа

Во првата квалификациска рунда (Q1) се сместени 22 клубови од кои точно половина ќе им се приружат на деветте кои ги чекаат во втората квалификациска рунда (Q2). Во втората квалификациска рунда ќе бидат формирани 10 парови. Победниците од овие 10 пара ќе обезбедат пласман во регуларниот дел од ФИБА Европа Купот. На нив ќе им се приклучат и 22 екипи кои нема да обезбедат пласман во регуларниот дел од Лигата на шампиони.

Првиот натпревар од Q1, македонскиот учесник Работнички ќе го одигра на 20. септември (среда) на гостински терен додека реваншот на домашен терен ќе се одигра седум дена подоцна. Натпреварите од втората квалификациска рунда ќе бидат одиграни на 4. октомври односно на 11. октомври.


ШЕШИРИ ЗА ЖДРЕБ ЗА ФИБА ЕВРОПА КУП

Q1
Балкан Ботевград (Бугарија)
Сохуми (Грузија)
Св. Оливер Вирцбург (Германија)
Солнок Олај (Унгарија)
КР (Исланд)
Бнеи Херзлија (Израел)
Невезис (Литванија)
Сибиу (Русија)
Парма (Русија)
КФУМ Борас Баскет (Шведска)
Бујукчекмече (Турција)

Q1 – носители
Белфиус Монс-Хаино (Белгија)
Рилски Спортист (Бугарија)
Пардубице (Чешка)
Тарту (Естонија)
Егис Корменд (Унгарија)
РАБОТНИЧКИ (Македонија)
Слам Стал Остров (Полска)
Орадеа (Романија)
Бујуксехир (Турција)
Трабзонспор (Турција)
Днипро (Украина)

Q2 – носители
Проксимус Спиро Баскет (Белгија)
Берое (Бугарија)
Петролина АЕК Ларнака (Кипар)
Ле Портел (Франција)
Фалко Сомбатели (Унгарија)
ФЦ До Порто (Португалија)
Стеауа Букурешт (Романија)
Содерталје (Шведска)
Химик (Украина)

Најново во Кошарка