ЛИДЕРОТ НЕ ЗАПИРА, ДОЈДЕ И ДО СЕДМИОТ ТРИУМФ

Работнички „кризираше", но го освои Гостивар

Иако во раната фаза се повреди Мираковски, а потоа останаа без Чековски, момците од „Градски парк" го победија осцилирачкиот состав на Гостивар ( 78:76).

објавено: 19 ноември 2017 - 18:49

Работнички не сопира и паузата поради репрезентативниот „прозорец" кој го креира ФИБА, ќе ја дочека сам, на првото место на табелата во Првата лига. Со максимални седум победи во исто толку натпревари.

До нив дојдоа со доста проблеми, но на гостувањето во Гостивар знаеја да се одбранат од сите напади на борбените домаќини. Макар што останаа без еден од своите лидери во тимот, Ѓорѓи Чековски, кој се пожали на повреда на скочниот зглоб уште во вториот период од дербито пред 1.500 гледачи во салата „Младост" во Гостивар
Гостивар – Работнички 76:78 (11-20;15-21; 30-13; 20-24)
Иако Работнички поведе со (7:2), гостиварци брзо се вратија. Израмнето беше се до резултат (11:11), кога трга серијата на „црвено-белите" и тоа од девет поени по ред со кои ја затворија првата четвртина (20:11). Со седум поени од Костов и уште пет од Американецот Џинјард.


Првата двоцифрена разлика за Работнички ја донесе Николиќ, со тројка, (23:11).
Шест цели минути Гостивар беше без поени од игра. Во меѓувреме Работнички реализираше дури 15, поведе и со (25:11).
Тасовски и Зекири ставија крај на тој „празен период", и го натераа Марин Докузовски, тренерот на гостинската екипа да земе„тајм-аут", при резултат (15:25).
Гостиварци се вратија во игра, намалија на (24:29). Но уследи феноменалнатата серија од четири тројки по ред на најмладиот играч на теренот, Ефремоски. Сето тоа за само две минути, а доволно за нова комотна предност, односно највисоки 15. поени разлика (41:26) на полувремето.
Лошо за Работнички беше што по Мирковски, кој доби удар во раната фаза од мечот, останаа и без помошта од Чековски, кој пак се пожали на болки во пределот на скочниот зглоб кој го повреди при еден доскок во вториот период од играта.
Со осумте поени во серија на Тасовски, Гостивар се врати уште еднаш, сега на негатива од шест поени (44:50). Докузовски мораше да го врати Мираковски во игра. Ама се разигра Димчевски, кој „спои" три тројки за да му донесе водство на домашниот тим, (53:52).
Или серија од (15-2).
Но Димчевски немаше намера да застане. Му „врати" на Ефремоски, со четврта тројка, и водатво на Гостивар по три четвртини (56:54).
Не застана, продолжи да го полни кошот на Работнички. Како на лента пристигнуваа неговите тројки. По шестата (од десет обиди), Гостивар се одвои на (64:59). По три и пол минути игра во последниот дел сепак водеа гостите од Скопје (65:64). Нивната серија во која поентерски „влезе" Крстевски, отиде и на (12-0), за уште поубедлива предност (71:64).
За кратко, затоа што со нова серија, сега од (9-2), преку Сегариќ стигна нов нерешен скор (73:73). Хрватот форсираше, а Мираковски и Џинјард, во клучните моменти казнија, за недостижни (77:73), иако останаа 27 секунди до крајот,

Најново во Кошарка