Нема веќе непоразени

Работнички не го издржа кумановскиот „пекол“

Куманово му го нанесе првиот пораз на Работнички сезонава, откако по продолжение го совлада со 86-83 во рамките на 8. коло од Првата лига. 

објавено: 24 декември 2016 - 21:18

Работнички не успеа да остане перфектен. Тимот од “Градски парк“ не ја доби втората пресметка со Куманово сезонава, откако беше совладан со 86-83 (15-20, 22-14, 14-23, 23-17, 12-9) по дополнителните пет минути.

Двата тима приредија одлична кошаркарска престава која на крајот им припадна на домашните кошаркари. Работнички ја доби првата четвртина со 15-20, но Куманово не дозволи да му се случи „Градски парк". На полувремето се избори за водсто од 37-34.

По одморот, гостите го вратија водството, но како непишано правило следниот период им припадна на кумановци. Во неизвесна пенал завршница, замената на Костоски, Браун ги погоди двете слободни фрлања за 74-74 и дополнителни пет минути кои на крајот му припаднаа на Куманово.

Мијатовиќ со дабл-дабл учинок од 28 поени и 11 скока ги предводеше кумановци, зад него со 17 поени беше Браун. Кај Работнички, Чековски имаше 19 поени, додека Мишановиќ 18 поени.

Со осмото коло завршуваат натпреварите од Првата лига за оваа година, следното 9. коло се игра на 21. јануари.

 

Најново во Кошарка