Македонскиот шампион ги официјализираше новините

Рајковиќ: Не се плашам од предизвикот

Екипата од Аеродром и официјално се пофали со сите новини за претстојната сезона, новиот шеф на стручниот штаб Емил Рајковиќ, како и прифатената понуда за настап во Еврокупот

објавено: 22 јули 2016 - 12:25

Емил Рајковиќ и официјално е нов шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје, каде останува и Алекандар Јончевски. На денешната прес-конференција македонскиот шампион ги презентираше сите новини.

„Би сакал да изразам задоволство од фактот што од денеска и официјално ја превземам функцијата шеф на стручен штб и ќе го водам тимот во АБА лигата и Еврокупот, каде што не чекаат големи предизвици. Форматот на Еврокупот за оваа година е таков што ќе играат екипи кои минатата сезона беа дел од Евролигата.

Публиката ќе има шанса да гледа такво елитно натпреварување. Ќе го искористиме искуството таму за позитивни цели во АБА-лига. Наша цел ќе биде освојување на двете домашни титули и секако пласман во горниот дел на табелата во АБА лигата, како едно достојно презентирање на македонската кошарка. Ќе имаме судир со врвни клубови во Европа. Се надевам дека ќе можеме да составиме ростер доволно конкурентен за тој Еврокуп, воедно и за АБА. Не чека тежок период и се надевам дека ќе исполнат целите на клубот. Не се плашам од посилни противници, и посакувам да направиме успех“, изјави на денешната прес-конференција Емил Рајковиќ.

За новиот стратег приоритет е останувањето на Дамјан Стојановски во МЗТ Скопје. Челниците на клубот веќе се во преговори со македонскиот репрезентативец.

„Дамјан Стојановски е мојата најголема желба, мој приоритет е негово останување тука. Искрено се надевам ќе остане да биде член на овој тим и ќе се натпреварува во големите натпреварувања. Екипата се креира од нула, ќе се составува во согласност со буџетот. Ќе видиме кои играчи може да ги задржиме и да ги доведеме“ рече Рајковиќ.

 

 

 

Најново во Кошарка