АМЕРИКАНСКА ДОМИНАЦИЈА

Расел Робинсон е најкорисниот играч на финалето!

Кошаркарот на Работнички, Расел Робинсон, го доби признанието за најкорисен играч во финалната серија од плеј-офот.

објавено: 25 мај 2018 - 22:52

Американецот се чини дека одигра најдобро кога беше најпотребно, и го изнесе на свои плеќи финалето против МЗТ Скопје Аеродром. Откако на првиот меч се повреди капитенот на „црвено-белите“, Димитар Мираковски, тој доби уште поголме простор за играње. 

Робинсон беше клучен играч на Работнички при вториот дуел во „Јане Сандански", кога постигна 22 поени. Вечерва беше поентерски поскромен запиша 13 кошеви, но и тие на крајот се покажаа како доволни Работнички да ја прекине доминацијата на МЗТ Скопје и по девет години да го врати шампионскиот пехар во „Градски парк“. 

Најново во Кошарка