ПО НЕУСПЕХОТ ВО КУПОТ

Разрешен најдобриот стратег во Македонија: Србиновски е нов тренер на Куманово!

Најдобриот македонски тренер за 2015 година, Страшо Тодоровиќ, повеќе не е предводник на тимот на Куманово, чија управа реши да го замени со доскорешниот селектор, Марјан Србиновски.

објавено: 25 февруари 2016 - 12:14

Ваквата одлука доаѓа по разочарувачката елиминација на кумановци во полуфиналето од Купот на Македонија и тоа од екипата на Карпош Соколи, која неколку дена претходно како гости ја совладаа. Предводниците на сино-белиот тим реши дека е вистинско време работите во клубот малку да се променат односно во финишот од првенствената битка да се влезе со нов стратег од клупата.

Куманово е актуелен вицешампион и амбииците се најмалку да се повтори ланскиот успех, за што е формиран навистина квалитетен состав со неколку македонски репрезентативци и квалитетни странски засилувања.

Србиновски досега работеше како прв тренер на Работнички, Торус и на Кожув, а лани имаше релативно неуспешна епизода како предводник на македонскиот национален тим на ЕП во Загреб. Тој ќе биде трет стратег на кумановци сезонава, со оглед на тоа што пред него и Тодоровиќ на клупата седеше и Србинот Љубисав Луковиќ.

Популарниот Марче дебито на клупата на Куманово ќе ја има веќе задутре и тоа на домашен терен против Струмица.

 

Најново во Кошарка