КАРПОШ СОКОЛИ ГРАДИ ШАМПИОНСКИ ТИМ

Репрезентативно засилување: Дарко Соколов една сезона во јатото на „соколите"!

Македонскиот репрезентативец Дарко Соколов во новата сезона ќе го носи дресот на Карпош Соколи.

објавено: 1 август 2015 - 11:30

Искусниот бек во клубот од скопската општина Карпош доаѓа од Работнички чиј член беше претходните две сезони. Со раководството на Соколи, тој потпиша договор на една година и се очекува да биде огромно засилување за тимот во желбата за остварување на високите амбиции.

За 29-годишниот плејмејкер, ова е шести клуб во македонското првенство во неговата кариера како професионалец. Почна во Струмица, а потоа играше уште за Вардар, МЗТ Скопје, Фени Индустри и Работнички. Тој е трето засилување за Карпош Соколи по израелскиот инттернационалец Антон Казарановски и Филип Шепа кој дојде од Кожув.

Инаку, промени има и во стручниот штаб на Карпош Соколи. Откако летово српскиот стручњак Синиша Матиќ го презеде тимот, за негов прв помошник е назначен Борче Даскаловски. Станува збор за добро познато име во домашната кошарка, асистент на катедрата за кошарка на Факултетот за физичка култура и поранешен тренер на КК Вардар.

И.К.

Најново во Кошарка